Од среда нови мерки, за Велигден и Рамазан Бајрам ќе нема полициски час…

-Предлог за нови рестриктивни мерки со почеток од среда, кои предвидуваат да работат само летните тераси на угостителските објекти, а полицискиот час да започне од 21 часот и да трае до 5 часот наутро. За престојните верски празници за Велигден и Рамазан Бајрам да нема ограничувања во движењето, но угостителските објекти да затвораат во 20-20:30 часот.-Верските лидери земаа обврска црковните служби и молитвите да ги организираат надвор од верските објекти. Ова е состојба во која сите мора да сме исклучително внимателни. Таков начин на организација комбинирана со одговорност на граѓаните ќе не доведе во ситуација да нема прекршување на мерките. Сите со сопствената одговорност, да покажеме дека можеме функционираме и во присуство на вирусот. -Комплетно се подготвени спортските сали за масовна вакцинација во Охрид и во Штип. Денеска завршува подготовката на салата во Битола, а во Кавадарци, Тетово и Куманово ќе бидат завршени до крајот на оваа недела, по што ќе следува и масовна имунизација со кинеските вакцини кои треба да пристигнат по Велигден.-Вакцинацијата на територијата на цела држава се одвива без проблем. Во А1 СЦ Борис Трајковски во тек е ревацкинација на првата група вработени во критичната инфраструктура.-Епидемиолошката крива е во опаѓање и бројот на хоспитализирани пациенти во континуитет се намалува во изминатите денови. Бројката на примени пациенти во ковид центрите во Скопје и низ државата е се помала и се зголемува бројот на испишани пациенти на дневно ниво. Епидемиолошката состојба се смирува, но останува да се почитуваат мерките за заштита.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s