Денеска во касарната „Страшо Пинџур” во Петровец се одржа примопредавање на донацијата од Република Турција – влечен воз за потребите на Армијата на Република Македонија.

На приморедавањето на кое беше извршена куса презентација и демонстрација на возилото, присуствуваа министерката Радмила Шекеринска, амбасадорот на Република Турција Хасан Мехмет Секизкок, претставници на Генералштабот и други гости.
На Криволак, посочи министерката, се присутни речиси сите инженериски машини кои што ги поседува Армијата и доколку би било потребен итен транспорт за Скопје, или во било кој дел од нашата држава, првото прашање кое што треба да го решаваме е како да го транспортираме. Со овој влечен воз, тоа прашање го решаваме целосно, нагласи Шекеринска и подвлече дека тој ќе биде многу важна алка во градењето на нашите одбранбени НАТО капацитети.