Аудио снимка на која наводно разговараат двајца осуденици за ликвидација на премиерот Зоран Заев и неговото семејство е објавена на платформата Јутјуб.
Закани по живот и за премиерот Заев и за неговото семејство се слушаат на аудио снимкаобјавена на Јутјуб денеска, на која говорат двајца од осудените за собранискиот упад од 27 април.
Разговорот е во траење од шест минути, а во насловот на објавата освен имињата на наводните лица кои разговараат, стои и датум 25 04 2021, денот на одржувањето на протестите во главниот град на кои се бараше ослободување на осудените за инцидентите.