Два стана, две куќи и 250 илјади евра во кеш во судската благајна била последната понуда на двајцата адвокати на Орце Камчев во обид да го убедат Апециониот суд, осомничениот бизнисмен да биде пуштен од затворски во домашен притвор. Но апелационата судијка Тања Милева оценила дека гаранцијата не е доволна бидејќи и скопското Вишо обвинителство оценило дека и покрај толкава сума, се уште постои опасност од бегство.