Контингент на АРМ вчера утрото од касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец замина во извршување на мисија во состав на силите на НАТО во Косово – КФОР, објави министерката за одбрана Радмила Шекеринска на Фејсбук.
„Утрово од касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец новиот армиски контингент замина во НАТО операцијата КФОР во Косово“, наведе министерката Шекеринска.
Таа на припадниците на АРМ им посака успешна мисија и безбедно да се вратат дома.