Премиерот на Македонија, Зоран Заев за празниците си отиде во родната Струмица да слави со најблиските.
„Саможртвата на Христос е подвиг од љубов, посветен на нас луѓето. Бог ни се даде како пример. Опкружени со љубов, но и со надеж за подобрите денови кои доаѓаат, да бидеме исполнети со хармонија и прошка, мир и просперитет, без поделби, без омраза, без конфликти. Нека е честит големиот христијански празник – Велигден! „Христос воскресна! Навистина воскресна!“, напиша Заев на Фејсбук.
