Денеска пристигнаа првите количини вакцини од одобрените вкупно 119.213 дози Фајзер, кои ЕУ ги обезбедува како помош за Северна Македонија
преку трилатерални договори во рамките на програмата Тим Јуроп (Team Europe).Влегуваме сериозно во широката и обемна имунизација на севкупното население. Обезбедени се ефикасни и безбедни вакцини. Апелирам до сите граѓани – пријавете се на www.vakcinacija.mk за да добиете термин за вакцинирање. На овој начин, очекуваме да се промени целокупната слика на епидемијата во позитивна смисла и полека да влеземе во постигнување на колективен имунитет.Со масовната вакцинација да продолжиме со примена на мерките за лична заштита сѐ додека епидемиолозите и Институтот за јавно здравје не донесат други препораки.


