Во рамки на законскиот рок, во кој постоечките правни лица имаа обврска во Регистарот на вистински сопственици да го пријават својот вистински сопственик, својата обврска навремено ја завршиле 69.284 субјекти, односно близу 90 проценти од субјектите кои се обврзани да поднесуваат пријави.
69.284 правни субјекти пријавиле вистински сопственик во законскиот рок, што претставува околу 90 % проценти од вкупниот број на субјекти што имаат обврска за внес.
За приближно 59.000 субјекти е запишан еден единствен вистински сопственик, а најголем број на сопственици запишани за еден правен субјект е 34.
70.150 различни физички лица се запишани како вистински сопственици. Од нив 93,5% се македонски државјани, 0,5% се странци со регулиран престој, а останатите 6%, односно околу 4.300 лица, се странци.
од 88 држави доаѓаат странците – вистински сопственици,
Турција
, Бугарија
, Србија
, Грција
и Германија
се земјите од каде има запишано најмногу вистински сопственици – странци.
69.025 лица се запишани како вистински сопственици преку индикаторот директна сопственост, 2.755 лица преку индикаторот индиректна сопственост и 11.797 лица преку индикаторот „на друг начин остварува контрола“.
Николовски на Фејсбук – Дојде време кога мора јасно, отворено да се знаат сите сопственици на фирми, односно на правни лица, без да има можност да сокриваат.Активен и достапен е Регистарот на вистински сопственици! 69.284 правни субјекти, ја исполнија обврската, во законскиот рок во Регистарот на вистински сопственици, го пријавија својот вистински сопственик, односно физичкото лице кое директно или индиректно остварува управувачка или контролна улога.Во секоја една компанија се знае кои се вистинските сопственици! Уште повеќе навлегуваме и во евидентирање на сите оние компании коишто од странство се регистирани во нашата земја, коишто регистраат тука компании и прават финансиски текови. Со ова врвно технолошко решение, институциите во државата добиваат уште една квалитетна алатка во борбата против перењето пари и финансирањето тероризам.Податоците од Регистарот на вистински сопственици, се јавно достапни преку системите за издавање информации од Централниот регистар. Секој може на едноставен начин, да добие информација за тоа кои се вистинските сопственици на некој правен субјект, но и да провери дали и каде сѐ, некое конкретно лице се јавува како вистински сопственик. Отвораме едно револуционерно поглавје во транспарентноста кога се работи за македонското стопанство – една сосема нова слика за тоа кој стои зад, неретко, комплексни и слоевити сопственички структури на нашите фирми и здруженија на граѓани.