Толковниот речник на македонскиот јазик во шест тома од денеска е достапен онлајн и бесплатно за користење на интерактивната платформа makedonski.gov.mk . Платформата беше промовирана денес во чест на 5 Мај – Ден на македонскиот јазик. Денот е востановен пред две години во чест на историскиот 5 мај 1944 кога е усвоена современата македонска азбука.