Младата и талентирана пејачка Антониа Гиговска изминатиот период се фрли на здрав начин на исхрана и физичка активност и дојде до посакуваниот резултат – својата линија да ја доведе до совршенство.
Имено, Гиговска неодамна откри дека ослабела 21 килограм, а на социјалните мрежи често постира фотографии на кои ја покажува своја нова линија.
Иако се уште не е лето, Антониа ја отвори летната сезона. Пејачката изминатиот период беше на патување во Анталија и го искористи времето да ужива и да ги полни батериите.
Меѓутоа, пејачката освен тоа уште уживаше под зраците на сонцето, првпат откако драстично ослабе се соблече во бикини и ја покажа својата завидна фигура.