Премиерот Зоран Заев денеска на вакциналниот пункт во спортската сала „Борис Трајковски“ се вакцинираше против коронавирусот со вакцина од кинескиот производител „Синофарм“.


Ја извршив мојата лична, но и граѓанска должност и ја примив првата доза од вакцината на „Синофарм“, односно онаа вакцина којашто беше во моментот на располагање, кога ми дојде мене редот согласно националниот план за имунизација. Се чувствувам одлично и ќе ја продолжам мојата дневна работна агенда и во попладневните часови.Ги охрабрувам сите граѓани да се пријават за термин за вакцинација на веб-страницата www.vakcinacija.mk, бидејќи тоа е единствениот ефикасен начин за заштита од коронавирусот.Вакцините се безбедни, проверени, тестирани и навистина, колку побрзо заврши процесот на имунизација толку побрзо ќе заврши оваа борба со овој невидлив непријател, напиша тој на Фејсбук