Македонските граѓани кои имаат регулирано постојан престој на територијата на Англија, Велс и Шкотска, од 20 мај ќе можат да управуваат возило со македонска возачка дозвола.
Со задоволство можам да ве известам дека Обединетото Кралство, врз основа на билатералена соработка, ги призна македонските возачки дозволи, а нашите државјани кои престојуваат на територијата на Англија, Велс и Шкотска од 20 мај ќе можат да поднесат барање за замена на дозволите. , напиша Спасовски на Фејсбук.