Комисијата за станбени прашања при Владата, со која претседава министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на денешната седница одлучила на семејството Белчовски, чија ќерка Верица загина во сообраќајна несреќа, а нејзините органи беа донирани, да им биде доделен на користење стан во општина Струмица.
За одлуката информира Бочварски на својот фејсбук профил.
„Имајќи ја предвид бескрајната хуманост на семејството Белчовски, чија ќерка Верица трагично загина во сообраќајна несреќа, а нејзините органи беа донирани, како скромно оддолжување кон ова семејство, денеска на седница на Комисијата за станбени прашања при Владата со која претседавам, едногласно одлучивме да им биде доделен на користење стан во општина Струмица“,