Утрово, министерот за економија, Крешник Бектеши најави дека угостителските објекти за свадби и прослави најверојатно ќе може да работат од крајот на мај
Сепак, тој рече дека ќе се почитува препораката што ќе дојде од Комисијата за заштита од заразни болести, а во зависност од епидемиолошката состојба и бројот на заразени.
По оваа вест, најверојатно веќе почнале договори и преговори со музичките артисти за разни свечености, па фолкерката Сања-Сани Гроздановска на својот фејсбук профил напиша ,,Почнаа со букурање на свадби, ајде аирлија. Венко те сакам! ”