Претседателот Стево Пендаровски денеска во вакциналниот пункт на ЈЗУ Здравствен дом Куманово, во спортската сала на СОУ “Перо Наков”, прими вакцина против Ковид-19, информираат од Кабинетот на претседателот.
Оттаму појаснуваат дека во согласност со националната кампања за вакцинација, претседателот Пендаровски одлучи заедно со членови од Кабинетот да се вакцинира во оваа општина со цел да ја подигне јавната свест за потребата од масовна вакцинација.
Вакцините се единствениот безбеден и ефикасен начин да ставиме крај на пандемијата на #Ковид19. Да се вратиме на нормалниот живот.Ги охрабрувам граѓаните да не се двоумат. Да не веруваат во теории на заговор и лажни вести. Да бидеме одговорни за своето и за здравјето на најблиските. Да ги почитуваме протоколите за заштита.