Ова е прва соработка на 2Бона со Тајзи и тие заедно ја создаваат и музиката и текстот на оваа најнова песна, која веруваме ќе биде еден од многуте летни хитови кои ќе се пуштаат во идниот период. Видеото го реализираше можеби еден од најмладите, но со сигурност еден од најдобрите режисери во Македонија, за кој и допрва ќе се дознава и слуша, Томислав Живковиќ.