Популарното дуо Александар Митевски и Драган Спасов – Дац во соработка со Нино Величковски снимија преработка на народната песна „Бабино девојче“.
Текстот на познатата народна песна доби нова музика и аранжман од Мичо Божиновски, Бобан Василевски, Ташко Грујовски и Александар Митевски.