Денес споделуваме уште една преработка на стара македонска песна. Овој пат во нуво руво ја слушаме „Каранфило филфило моме“. Оваа прва преработка во рамките на новиот проект „Џез вез“, ја изведоа Дани Димитровска, Сара Пројковска и Ана Костадиновска, а со инструментална поддршка на Никола Мицевски, Оливер Јосифовски, Дино Милосављевиќ и Петар Христов. Маестро Мицевски исто така е и автор на новиот аранжман за „Каранфило филфило моме“.