


Владина делегација предводена од претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, денеска по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, положи свежо цвеќе пред споменикот на светите браќа, патрони на првиот државен универзитет во Скопје.
Владината делегација ја сочинуваа министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче, министерката за образование и наука Мила Царовска и Ирена Стефоска, министерка за култура.