Потпроектот „Развојот на ено-гастрономскиот туризам во Тиквешкиот регион“ на Тиквеш вински туризам е еден од вкупно 58 потпроекти, кои во изминатите четири години се реализираат со поддршка од ЕУ и со средства од Владата. Овие проекти имаат за цел да ги откријат убавините на нашата земја, кои ги има многу, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на промоцијата на потпроектот чија цел е да понуди сместување во автентични, алтернативни поизолирани сместувачки капацитети во комбинација со добра храна и вино.


Денес бев дел од еден убав настан во винаријата Тиквеш, на кој се промовираше проектот “Развој на ено-гастрономскиот туризам“.Овој проект нуди нови капацитети и уникатни можности за престој во предели со природни убавини и чист воздух, а посетителите ќе имаат можност да пробаат врвни вина и храна додека се рекреакрираат и релаксираат.Проектот се реализираше во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност, со финансиска поддршка од Владата и Делегацијата на Европската Унија, во соработка со канцеларијата на Светска Банка и Тиквеш.Се радувам што вакви иновативни идеи се претвораат во реализирани проекти, кои допринесуваат за развој на домашниот туризам и на привлекување на странски туристи. Нашата земја располага со прекрасни природни убавини, вкусна храна и вино, и тие богатства треба да ги искористиме и да ги пласираме пред домашниот и странскиот пазар. Се надевам дека ќе имаме уште многу вакви проекти, со кои ќе допринесуваме за развојот на туризмот во земјата, кој дефинитвно имаме огромен потенцијал.Одлично е кога сакаш и има каде да одиш и дома