(ВИДЕО) И патриотите грешат – На протестот за подршка на уставобранителите Нина Јанева ја згреши химната

Карма 🙂 Како и се смееше Нина на Тамара пред 2 години, кога ја згреши химната.

Нина Јанева, изведувачот на македонската химна на вчерашниот протест пред Владата за ослободување на осудените за упадот во Собранието на 27 април 2017, за Женски Магазин вели дека два дена плаче и е разочарана од себеси затоа што заборавила втората строфа.

Таа вели дека побарала уште еднаш да ја испее химната, откако заборавила да ја испее втората строфа: „Одново сега знамето се вее, на Крушевската република! Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански!“ 

„1000 химни имам испеано, за првпат згрешив. Два дена плачам од разочараност од себеси. Не знам што да кажам, оправдан е револтот од народот, но добивам огромна поддршка од целата дијаспора“, вели пејачката за Женски Магазин.

Јанева додава дека на лице место луѓето негативно реагирале, но потоа, откако побарала да ја препее химната сфатиле дека се работи за грешка. 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s