Успешно заврши третата трансплантација на срце во земјава од почината 40-годишна дарителка, чие семејство дозволи да бидат пресадени и нејзините бубрези. Подоцна во текот на денот ќе бидат извршени и трансплантациите на бубрезите кај друг пациент.
Срцето на почнатата дарителка почна да чука кај 39-годишна пациентка во 11.30 часот утринава, по петчасовна сложена операција на државна кардиохирургија.
Утрово во 6:33 часот започна процесот за третата трансплантација на срце во историјата на нашата земја. На двајца пациенти ќе им се трансплантираат бубрези. Доцна синоќа министерот Филипче заедно со неговите колеги Националната координаторка за трансплантација доц. д-р Маја Мојсова Мијовска тимот кардиохирурзи проф. д-р Сашко Јовев, академик Жан Митрев,д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев, д-р Тања Анѓушева ги направија подготовките за трансплантација на срце и бубрези од мртов донор чие семејство даде согласност да се донираат органите на пациентот.
Bravoooooo ❤️ poseben pozdrav za Dr. Papestiev. 🌹
LikeLike