Џамбазов и Тамара играат во BLACK OPS: Македонска серија каква досега немате гледано

Трејлерот за македонската серија „BLACK OPS“ беше промовиран во Скопје, а сега веќе е достапен и на Јутјуб.

Станува збор за домашна серија во продукција на Artistic Film Production, а во режија на Били Дурмишовски.

„Black Ops“ е серија која го следи Вилијам Конор, американски војник, соочен со најтешките предизвици и најголемите тешкотии во животот.

Низ исклучително збунувачки збир на околности, тој започнува да ги составува изгубените парчиња од една неизмерно огромна и мрачна загатка што го води кон Балканот во Источна Европа и можноста за спасување на неговото киднапирано семејство.

Со помош на неговите пријатели Бабиќ и Нора, Конор успева да започне да ги бара слабостите на неговиот противник Сатар, за да открие дека меѓу сенките на злосторствата на Сатар, демнее многу посуптилен и опасен непријател.

Дел од оваа серија се многу звучни имиња од македонската јавна сцена, меѓу кои и „Специјалците” кои се дел од филмската екипа, се Давид Мука, во главна улога како Вилијам Конор, кој е придружен од Христијан Тасковски – Таско, во улога на Тони Калашев – Сатар, главниот антагонист во серијата, Стефан Лазаров во улога на Петар Бабиќ, Тамара Тодевска во улога на Бела, Ана Стојановска во улога на Нора, Игор Џамбазов во улога на Џејсон Бот, Роберт Ристов во улога на Цирих, Душан Пауновски во улога на Марко „Рет” и Марија Лазарова во улога на Софија, како и многу други.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s