Спремни за концерт?! РИБЉА ЧОРБА ВО СКОПЈЕ! 27.06.2021, А1 Арена open air

ОД СУДБИНАТА НЕ СЕ БЕГА: РИБЉА ЧОРБА ВО СКОПЈЕ! 27.06.2021, А1 Арена open air

Почитувани пријатели, Со доза на измешани чувства, задоволство и мала трема (што е многу чудно за луѓе коишто имаат направено толкав број на концерти), ви го најавуваме нашиот следен концертен проект, првиот за 2021 година- Riblja Čorba во Скопје на 27-ми јуни, на платото пред А1 Арена.Судбината сакаше после девет месеци од нашиот последен одржан концерт, концертот на Бајага и Инструктори во септември минатата година, првиот нареден концерт да биде баш со бендот во којшто Бајага порасна и се изгради себеси како артист- Рибља Чорба, сигурно еден од најголемите рокенрол состави на Балканот на сите времиња.Бидејќи изминатата година беше неверојатно тешка за членовите на бендот, сакавме во оваа прилика да ви се обрати и Бора Ѓорѓевиќ (човекот којшто несомнено ќе се изучува како поет во српската книжевност), со своја изјава која интегрално ја пренесуваме:„Jako nam je drago da u Skoplju otvaramo koncertnu sezonu. Uvek smo se radovali svirkama u Makedoniji između ostalog zato što Makedonci znaju da cene dobar rokenrol i što svi imaju sluha i pevaju ko slavuji. Istovremeno smo i tužni jer nam je korona odnela Mišu Aleksića. Njegov duh će biti sa nama 27 juna u Skoplju, ispred hale Boris Trajkovski. Daćemo sve od sebe da svi budemo zadovoljni koncertom. Voli vas Riblja Čorba“.Старите љубители на рокенролот, а Рибља Чорба како природен феномен на концертите има и неверојатно млада па дури и малолетна публика, паметат дека големата југословенска турнеја за легендарниот албум „Мртва природа“ (на којшто се наоѓаат хитовите „Волим жене“, „Нечу да испаднем животиња“, „Пекар, Лекар, Апотекар“, „На западу ништа ново“….), се викаше „Ко преживи причаче“. Времево во кое и ние и Рибља Чорба ја отвараме новата концертна сезона е баш такво. Има ли поголем доказ дека навистина од судбината не се бега?! Важно: Сите детали околу влезниците ќе бидат објавени во четврток во 21:00 часот.Во слава на лајв музиката!Ваша,Авалон Продукција

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s