Познати музички имиња од регионот како што се Лена Ковачевиќ, Ивана Петерс, Марко Луис, нашата Тамара Тодевска, Сашка Јанкс и Игор Симиќ , на иницијатива на Magic Records, се здружија и под името „О2“ ја отпеаја песната „Удахни“.
Станува збор за наменска песна со цел да се пренесе пораката на солидарност и заедништво во тешки моменти, луѓето да размислуваат за враќање во природата и оригиналните вредности и да го направат општеството по солидарно, за полесно да ги надмине сите кризи.
Главните мотиви што се провлекуваат низ песната се подигање на свеста за важноста за зачувување на животната средина, борба против загадувањето и потребата за поздрав воздух кој луѓето го дишат.
Авторите на песната, Владимир Даниловиќ и Немања Филиповиќ, и сите изведувачи, воедно даваат поддршка и на сите оние кои преживеале или сеуште ги преживуваат тешките последици од глобалната пандемија.