Вечерва имаме историски важна работна посета во Париз, на покана на Претседателот Макрон.Инспириран од една негова изјава пред студентите во Сорбона во која порача дека во Европа лежи нашиот идентитет и дека Европа ни дава иднина, силно верувам, дека Франција може да биде мотор на проширувањето на ЕУ со Западниот Балкан. За нас е многу важно што Франција го поддржува процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ, со јасно поставени стандарди и без да се губи време.



