Репрезентацијата на Италија ја исполни целта, победи на отворањето на Европското првенство во пресметката со Турција со 0-3 (0-0). Дуелот на „Олимпико“ во Рим во целост им припадна на номиналнo гостите, бидејќи избраниците на Роберто Манчини го надиграа ривалот во секој сегмент од играта. Ако во првиот дел немаа среќа, таа ги погледна во продолжението и со автогол на Демирал и голови на Имобиле и Инсиње, Италија освои први бодови.