Македонската фудбалска репрезентација во средината на првото полувреме израмни против Австрија (1-1), а стрелец беше најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев.
По една конфузија во одбраната на Австрија и лоша реакција на голманот, топката заврши до Пандев и тој успеа да ја стресе противничката мрежа, за прв историски гол на Македонија.
Со овој погодок, Пандев стана вториот највозрасен играч кој постигнал гол на едно Европско првенство со 37 години и 321 ден, зад Австриецот Ивица Вастиќ кој има реализирано на 38 години и 257 дена.
