Премиерот Заев на својот фејсбук профил објави:
Прекрасно спортско неделно попладне во Желино. Со членовите на раководството на #СДСМ денеска во Желино пуштивме во употреба ново спортско игралиште, со средства од СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија, изградено во рекорден рок.Ја искористивме приликата да одиграме партија фудбал и со тоа да го отвориме за користење за граѓаните на Желино.Младите од оваа општина сега имаат нов современ простор за спортување и рекреација.Спортот зближува, спортот е инвестиција во здравјето и иднината.Продолжуваме да инвестираме во сѐ она што е важно за сите, подеднакво и во руралните и во урбаните средини.


