Младиот и познат македонски пејач Александар Тарабунов неодамна ја промовираше неговата најнова песна Лек на рана”, за која многумина велат дека ќе биде летен хит. Музиката за оваа песна е токму негова, текстот на Робин Зимбаков, додека аранжманот за истата е на Тарабунов и Роберт Билбилов. Видео спотот го реализираше Зоран Зонде Стојановски.