Лиде Лиде ја претстави својата нова песна „Ало Министре“. Песната се разбира е посветена на нејзиниот симпатија – министерот Венко Филипче.
“Гардеробата моја си е. Спотот снимен на своја рака со мобилен, временски ограниченo и воедно e пародија на уфилмани фаци, продуцентски куќи, bad bitches, типови у филм на мафијаши. Идејата е за да не вртам 5 слики и да се заблагодарам на многуте спонзори што ме направија поинаква од сите пластифицирани исти фаци. Да се поклопи со пародијата устата ми е скоро идентично исцртана откако го изедов карминот, и морав да носам цвикери за сонце, бидејќи многу плачев и ми се разлеа шминката, душата ме болеше. Текстот го пишував сабајлечки низ муабет со Мариана Арсова. Пеев сабајлечки за да ми биде секси гласот. Благодарност до сите што ме поддржувате да не паднам…, а другите не знаат поинаку… Епа спонзори покажете се!”, вели Лиде.