Пејачката Наташа Малинкова, пред неколку дена ја промовираше својата најнова песна „Немам зборови“. Комплетен автор на песната е нејзиниот долгогодишен соработник Столе Аврамов.
„Со Столе се познаваме долги години и досега се потпишува на скоро сит мои песни. Ми верува, јас му верувам и воопшто немаме проблем да соработуваме. Ова е една модерна песна со певлив рефрен и заедно со Столе се согласивме дека сега е идеално време за нејзина промоција. Задоволна сум од тоа како излезе и песната и видеото. Коментарите барем засега се позитивни и верувам дека ќе си го најде патот до публиката. Сакам посебно да се заблагодарам на луѓето и целиот тим што мене и го реализиравме проектов во овие тешки времиња.“ – вели Наташа.