После 12 студиски албуми и две винил изданија, прославувајќи ја 20 годишната кариера, бендот „Љубојна“ повторно се ребрендира, одржувајќи го својот курс во популарната музика. Овој пат со новата песна „Јас и ти“ на Вера Милошевска, со која песна Вера, со голем успех навлегува и во кантавторските води. Новиот сингл носи ведрина на латино клаве ритам, воздишки на летни љубови и мириси на липи и жешки калдрми. Автор на музиката и текстот е Вера Милошевска, а аранжманот е на Оливер Јосифовски.
Песната беше изведена во живо на нивниот последен концерт во 2019 година, за сега да ја најават нејзината студиска реализација.