Антониа Гиговска на голема радост на своите бројни обожаватели објави нова песна која ќе биде дел од претстоен албум „2001“.
Песната е насловена „Магла“, а истата пејачката деновиве неуморно ја најавуваше на социјалните мрежи.
„Песната која што долго чекав да ја споделам со вас, и онаа која што ќе се најде на мојот прв студиски албум 2001“, напиша Антониа во описот на објавата на својот инстаграм-профил.