Охридскиот рок-пејач Александар Јосифовски ја промовираше својата прва песна „Иди“. Александар кој настапува со групата „French olives“, пошироката јавност го запозна по учеството во „Ѕвездите на Гранд“. Музиката е дело на Александар со Мартин Милевски, а текстот го напиша Огнен Неделковски.