Терапијата се набавува за потребите на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и ќе се аплицира кај пациенти со ковид-19 кои не се хоспитализирани, велат од Министерството за здравство
Министерството за здравство соопшти дека денеска пристигнал најсовремениот метод на терапија за пациенти заболени со вирусот ковид-19, моноклонална „коктел терапија“ со антитела од лековите „Casirivimab и Imdevimab”, одобрена за употреба од Европската агенција за лекови (ЕМА).
Од Министерството информираат дека по бројни преговори успеале да се приклучат кон заеднички договор за рамковна спогодба на кој ексклузивно право имаат земјите-членки на Европската унија, за приоритетна достапност на моноклоналната „коктел терапија“.