Сузана Турунџиева и познатата Атиџе Муратова од „Медена земја“ ја промовираа својата втора песна. „Од Бекирлија до Битола“ е дело на Сузана Турунџиева, која ги напиша музиката и текстот. Песната ја прати спот сниман во Бекирлија и Битола. Локациите за спотот се избрани со идеја да се прикажат родните мести на двете пријателки.
Сузана најавува дека имаат големи планови со Атиџе, помеѓу кои и снимање на албум.