„Заливот на пингвините“ и официјално отворен за посетители… Од денеска скопјани имаат причина плус да ја посетат зоолошката… 9 од пингвините пристигнаа од Италија, а шест од Москва.
Егзотичните птици се атракција како за најмладите, така и за повозрасните граѓани.
Егзотичните птици од Аргентина и Чиле на располагање имаат отворен и затворен базен со вкупна површина од 180 односно 120метри квадратни…За нив ќе се грижат негувателите Војо и Маја, кои истакнаа дека за нив ова е предизвик бидејќи во зоолошката во Скопје досега никогаш немало пингвини.
Разубавувањето на живеалиштата на животните ќе продолжи и во наредниот период, истакна меѓудругото Директорот на зоолошка..
Пингвините се први соседи на фламингосите кои во скопската зоолошка пристигнаа лани. Двете живеалишта ги спојува тераса од која посетителите ќе може да ги гледаат и двата вида на егзотични птици.
За комплетирање на живеалиштата на фламингосите и пингвините Градот Скопје одвои 18 милиони денари.