Одговорните, државотворни политики на СДСМ се препознаени од граѓаните и тоа е потврдено со бројни испитувања на јавното мислење од релевантни агенции.
Една од нив е и анкетата изработена од агенцијата Брима каде се потврдува дека СДСМ е со најголема доверба од граѓаните.
На прашањето „Доколку денеска се одржат парламентарни избори, за која политичка партија ќе гласате“ 18,9 отсто од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за СДСМ, додека 16,3 отсто изјавиле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, понатаму следуваат ДУИ, Алијанса за Албанците, Левица, БЕСА и ДПА.
Ако се земе предвид и рејтингот на Движење БЕСА која е дел од коалицијата „Можеме“ со која настапивме на парламентарните избори, тогаш рејтингот на оваа коалиција е уште повисок и изнесува 22,8 отсто.

Со ова се потврдува високата доверба на граѓаните кон концептите и политиките на СДСМ, се потврдува дека СДСМ останува силен, изразит фаворит на претстојните избори.
Претседателот на СДСМ Зоран Заев останува политичар со убедливо највисок рејтинг и најголема доверба од граѓаните. На прашањето „Во кој политичар имате најголема доверба?“ 12,6 осто изјавиле дека тоа е Зоран Заев, додека за Христијан Мицкоски се изјасниле само шест отсто од испитаниците.
Повеќе од двојно е разликата во рејтингот помеѓу претседателот Заев и Мицкоски.

Анкетата на „Брима“ е правена во периодот од 28 мај до 16 јуни, на терен, во домовите на испитаниците, преку ТАПИ методот, при што се опфатени 1.194 испитаници. Маргината на грешка е плус минус 2,8 отсто.
Откако беше понудена, СДСМ ја откупи оваа анкета и со тоа стекна право истата ја користи и објавува.