После 50 години се обновува патната врска која ги поврзува убавините на Преспа и Охрид.
– Освен што ќе се подобри квалитетно патното поврзување меѓу овие два града, ќе добиеме современа патна инфраструктура која ги поврзува двата најзначајни туристички центри во земјата – Охридскиот и Преспанскиот. Со тоа на туристите ќе им се овозможат соодветни современи услови за патување и за посета на туристичките капацитети на двете страни од националниот парк „Галичица“ – потенцираше премиерот Зоран Заев на организираниот настан по повод почетокот на работите на реконструкцијата на регионалниот пат Ресен-Охрид, на делницата од Отешево до приклучувањето на патот Охрид – Св. Наум преку националниот парк „Галичица“.
Премиерот Заев истакна дека на целата територија на Македонија во тек се интензивни градежни работи на автопатните решенија и на експресните делници, на реконструкција на голем број магистрални и регионални патни правци.