Македонија деновиве на врвот по аплицирани вакцини

Македонија деновиве е на врвот на листата по однос на аплицирани дози вакцини по глава на жител. Ова го покажува светската дата на податоци која ги мери аплицираните дози вакцини. Во земјава вкупно се аплицирани 847.336 дози вакцини, додека со две дози се вакцинирани 351.369 граѓани, а останатите 144.598 примиле само една доза вакцина. Само вчера се вакцинирале 18.149 граѓани.

Според светските податоци, земјава само на 23 јули вакинирала околу 0,63% од населението. Во Грција биле вакцинирани 0,59%, Бугарија 0,12%, додека Србија 0,09%.

Сепак, земјава и натаму е под светскиот просек според процентот на население кое е вакцинирано барем со една доза. До 23 јули една доза примиле 23,42% од граѓаните. Тој ден светскиот просек бил околу 27,11%.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s