Македонската музичка сцена е побогата за уште еден нов член. Се работи за младата пејачка Сара Гигова, која неодамна ја промовираше својата прва авторска песна. Можеби некои од вас се сеќаваат на Сара кога учествуваше во едно детско регионално музичко шоу, каде уште како малечко девојче ја воодушеви жири комисијата и публиката со своите гласовни способности.
Таа денеска го промовира своето првенче со наслов „Ладно лето“, на кое како автори се потпишува братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветкоски. За оваа нејзина прва песна Сара сними и прекрасен видеоспот во режија на младиот Ѓорѓи Вацев. Спотот се снимаше на Преспанското езеро, а во него имаме прилика да ја видиме Сара во неколку различни изданија. Таа не крие дека е задоволна од тоа како звучи песната и како изгледа спотот.