„Choose My Way“ е новиот сингл на Андреа, македонска поп пејачка, веќе добро позната на македонската публика. Овој пат Андреа допира до тинејџерите со една помрачна, подлабока електропоп балада, во која ќе се пронајдат младите, но и повозрасните.
-„Choose My Way“ се одликува со подлабока текстуална софистицираност за младата артистка и ги истакнува влијанијата на соул и RnB музиката, истакнуваат од тимот.
Андреа се појавува на нашата музичка сцена минатата година во октомври со песната „I Know“, и оттогаш па наваму нејзините песни ги освојуваат љубителите на поп звукот ширум светот. По легендарниот Тоше Проески, Андреа е единствената македонска пејачка која за помалку од една година успеа да допре до слуштелите на повеќе од 40 топ радиостаници на Балканот. Со 11 милиони прегледи на Тикток и Јутјуб, и над 750.000 преку други стриминг платформи, Андреа постепено и сигурно се пробива на светската музичка сцена.