Вчера заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски заедно со вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски и претставници од Проектот за локална и регионална конкурентност, во Крива Паланка го пуштија во употреба новиот градски плоштад и градски парк.

Се работи за целосна реконструкција на плоштадот, практично нов плоштад, со зачувување на автентичните обележја. Изградбата опфаќаше партерно уредување, асфалтирање, поплочување со бекатон, изградба на мал амфитеатар, целосна замена на комуналната инфраструктура, користење на старата коцка и зачувување на градската фонтана.




