По четири децении, легендарната шведска група ABBA го најави нивниот нов албум, како и серија виртуелни концерти кои ќе ги одржи во Лондон наредната година.
Албумот наречен “Voyage” ќе излезе на 5 ноември, соопшти бендот во официјалното соопштение. Вчера објавија и две од вкупно десетте песни кои ќе се најдат на албумот – “I Still Have Faith In You” и “Don’t Shut Me Down”.