Невработеноста на историски најниско ниво од 15,9%

Невработеноста за вториот квартал од 2021 година на историски најниско ниво од 15,9%. Во споредба со истиот период во 2020 година, истата е намалена за 4,8%. 📉➡️ Стапката на вработеност од крајот на 2020 година наваму расте со темпо како и пред пандемијата, со раст од 1,5% во последните три квартали. Во вториот квартал од 2021 година изнесувала 47,3%;➡️ И понатаму стапката на вработеност е доста висока кај мажите, на ниво од 55,8% и е многу блиску до просекот на ЕУ (60%), за разлика од жените кај кои оваа стапка изнесува 38,7%. Оваа Влада посветено работи на корекција на овој дисбаланс преку активните мерки за вработување каде оваа година за првпат се воведе принцип на искористување на овие мерки во сооднос 60% за жени и 40% од буџетот да бидат издвоени за поддршка на вработување на мажи. Земајќи ги предвид традицијата и нискиот опфат на деца во претшколска дејност, оваа Влада работи на изградба и отворање детски градинки низ целата земја како никогаш до сега, што дополнително треба да влијае на активирање на голем дел од женската популација на пазарот на труд.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s