Академија Пандев и официјално ги продаде ТВ-правата од своите домашни натпревари во Првата македонска фудбалска лига на спортскиот телевизиски канал Спортклуб.
„На наше огромно задоволство објавуваме дека oд наскоро домашните натпревари на ФК Академија Пандев ќе одат во живо на регионалниот спортски телевизиски канал Спортклуб. ФК Академија Пандев е првиот фудбалски клуб во нашата држава кој самостојно ги продаде ТВ-правата на регионална телевизиска куќа. Договорот е веќе потпишан и важи за домашните куп и првенствени натпревари за наредните три сезони, почнувајќи од тековната 2021/22, 2022/23 и 2023/24 сезона!“ – информираат од Академија Пандев.