„Магнет“ е насловот на најновото музичко остварување на младата пејачка Антониа Гиговска.
Довербата за песната му ја даде на веќе докажаниот Лазар Цветкоски, а спотот го режираше Даниел Јовески.
Спотот се снимаше во Охрид, а покрај Антониа во него се појавува и моделот Симон Антиќ.
Младата пејачака за неколку месеци го најавува и излегувањето на својот прв албум.