Донесени измените на законот за облигациони односи, каматата не смее да биде повисока од долгот

Собранието вчера со 80 гласа „ЗА“ ги донесе измените во Законот за облигациони односи според кои „Каматата ќе престане да тече во оној момент кога нејзиниот износ ќе го достигне износот на главниот долг..“ Односно ако имате долг од 500 денари, каматата која ќе треба да ја платите, нема да може да ја надмине сумата од 500 денари… Измените ги важат за сите граѓани и фирми.

Граѓанските организации ги поздравија измените, но според нив разочарувачки е што во измените не се опфатени и старите долгови.

„Не сме задоволни што нема да важи ретроактивно “ истакна Марјан Ристески, Претседател на КСОМ

Од владејчаката СДСМ, која ги поднесе измените до Собранието велат дека на овој начин се исправа уште една голема неправда кон граѓаните и компаниите.

„Законското решение ќе важи за сите, и за граѓани, и за компании и ќе се однесува на долгови од секаков карактер, на пример за застарени сметки за струја, вода, телекомуникациски услуги, обврски кон банки и слично.“ изјави Лидија Тасевска, пратеник од СДСМ.

Законските измени ќе важат за долгови кои ќе ги имаат граѓаните и фирмите од 1ви октомври годинава…

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s