
Продолжуваме со градење добри економски политики за подигнување на животниот стандард.Премиерот Заев и вицепремиерот Груби ја посетија производствена фабрика „One cable”, современа инвестиција за производство на бакарни кабли и ПВЦ гранулат за електрична енергија со најмодерна технологија, која вработува 30 висококвалификувани кадри. Производството се пласира на домашниот пазар, а веќе се конкуренти и извезуваат во Албанија, Бугарија, Хрватска и Косово.Во зоните, регистрирани се рекордни економски активности во првите осум месеци од 2021 година во однос на минатите години. Вкупниот извоз во првите осум месеци достигна 2,04 милијарди евра, што е за над 50% повеќе во однос на истиот период лани, односно над 11% во споредба со 2019 година и речиси 32% повеќе од 2018 година.


